Турските воздушни сили слават 103 години од своето формирање

Во Командата на борбените воздушни сили и Командата на ракетната одбрана во Ескишехир се одржа свеченост и аеро митинг

134824
Турските воздушни сили слават 103 години од своето формирање

По тој повод во Командата на борбените воздушни сили и Командата на ракетната одбрана во Ескишехир се одржа свеченост и аеро митинг. Свеченоста започна со парада на воени авиони и падобрански скокови.

Падобранската група Солотурк изведе неколку падобрански егзибиции на кои за прв пат досега учествуваа првиот и вториот пилот на воен авион. Егзибициите на падобранската група Солотурк се изведоа во придружба на воена музика која ја изведуваше воен оркестар.

Познатиот турски пилот акробат Али Озтурк чија слава ги надмина границите на земјата изведе неколку неверојатни егзибиции со својот авион Синоличка. Пилотот Озтурк скоро да им го одзеде здивот на публиката која со интересирање ги следеше неговите вештини во воздухот.

На парадата се појави авионот Хуркуш прв турски национален авион дизајниран и произведен во Турција.
Аеро митингот заврши со летови на акробатскиот тим на Турските ѕвезди.

Аеро митингот во Ескишехир кој поради катастрофалната рударска несреќа во Сома беше одложен го проследија скоро 130 000 граѓани.


Тагови:

Слични вести