Давутоглу одржа прес конференција на аеродромот Есенбога

Азербејџан и Турција се „две држави, еден народ“

131593
Давутоглу одржа прес конференција на аеродромот Есенбога

Премиерот Ахмет Давутоглу ја остварува втората надворешна посета на Азербејџан.

По синоќешниот пречек со високи државни почести, премиерот Давутоглу денес ќе учествува на свеченото фрлање на темелите на еден од најсеопфатните гасоводни проекти „Коридор Јужен тек“.
Премиерот Давутоглу пред да замине за Азербејџан одржа прес конференција на аеродромот Есенбога во Анкара.
Давутоглу подвлече на блиските односи меѓу Азербејџан и Турција како и на мотото „две држави, еден народ“ и додаде дека двете земји се сплотуваат околу заедничка визија.
Азербејџан и Турција заедно напредуваат кон посветла иднина рече Давутоглу и потенцираше дека со Трансанадолскиот гасоводен проект (ТАНАП) ќе се поврзат Кавказ и Балканот.
Благодарение на проектот ТАНАП со посредство на Турција ќе се формира мировен мост особено во Кавказ и Балканот кои во минатото постојано се спомнуваат како проблематични региони.
Свеченото фрлање на темелите на Трансанадолскиот проект ТАНАП во Азербејџан ќе се одржи утре.
На свеченоста ќе учествува и премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести