Вчера во Анкара престојуваа двајца значајни гости

Могенс Ликетофт и Никола Груевски одржаа средби со претставниците на турскиот државен врв

130564
Вчера во Анкара престојуваа двајца значајни гости


Претседателот на собранието на Данска и претседателот на Владата на Република Македонија се состанаа со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, претседателот на Големото национално собрание Џемил Чичек и премиерот Ахмет Давутоглу.
На средбите беа разменети мислења во врска со можностите за унапредување и развој на билатералните односи како и чекорите што треба да се фрлат во претстојниот период.
Претседателот на собранието на Данска Могенс Ликетофт најпрвин се состана со претседателот на Големото национално собрание Џемил Чичек.
Нешто потоа, Ликетофт замина во посета на зградата на Владата каде што беше дочекан од страна на премиерот Ахмет Давутоглу. Средбата траеше околу 1 час.
Вториот странски гостин на премиерот Давутоглу беше премиерот на Република Македонија Никола Груевски.
Премиерот Давутоглу колегата од Македонија го дочека со службена церемонија која истовремено беше прва откако Давутоглу беше избран за премиер.
По тет-а тет средбата, двајцата премиери одржаа заедничка прес конференција.
Премиерот Давутоглу рече дека Турција го подржува членството на Македонија во НАТО и ќе продолжи со поддршката.
Министерот Давутоглу подвлече дека Турција го подржува и членството на Македонија во ЕУ и изрази надеж дека еден заедно ќе бидат во редовите на ЕУ.
Моменталниот обем на надворешната трговија меѓу двете земји изнесува 400 милиони долари и во најкратко време оваа бројка сакаме да ја зголемиме на 1 милијарда долари рече премиерот Давутоглу и упати повик до турските бизнисмени да инвестираат во Македонија.
Претседателот на собранието на данска Могенс Ликетофт и македонскиот премиер Никола Груевски беа примени од страна на претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган.
На средбите беа разгледани можностите за унапредување и развој на билатералните односи како и чекорите што треба да се фрлат во претстојниот период.
Премиерот на Република Македонија Никола Груевски го посети и претседателот на Секретаријатот за верски прашања Мехмет Ѓормез.


Тагови:

Слични вести