Состанок на Советот за национална безбедноста во дворецот Чанкаја

Главна тема на состанокот беа последните случувања во регионот и одразот на истите врз Турција

130662
Состанок на Советот за национална безбедноста во дворецот Чанкаја


Вчера под претседателство на претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот дворец Чанкаја беше одржан состанок на Советот за национална безбедност (СНБ) на земјава.

На состанокот учествуваа премиерот Ахмет Давутоглу, началникот на генералштабот генерал на армија Неџдет Озел, министерот за одбрана Исмет Јилмаз, министерот за внатрешни рабои Ефкан Ала, потсекретарот на националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан и вториот началник на генералштабот, генерал на армија Јашар Ѓулер.
Состанокот на Советот за национална безбедност од потесен состав траеше околу три часа.
Главна тема на состанокот беа последните случувања во регионот и одразот на истите врз Турција.
Организацијата ИДИЛ како и другите актуелни теми и случувања во околината на Турција беа разгледани од воен и политички аспект.
На дневниот ред на состанокот беше разгледан и предлогот на Генералштабот за формирање тампон зона на границата како и активностите на тоа поле.
Во меѓувреме, премиерот Давутоглу на едно прашање на новинарите во врска со состанокот рече дека беа разгледани сите безбедносни ризици а не само тампон зоната.
Како последица на кризите во целата околина на Турција, а не само во Сирија и Ирак, туку и Украина и пошироко, Турција треба да биде спремна против сите евентуални сценарија кои можат да нанесат штета.


Тагови:

Слични вести