Состанок на Советот за безбедност во претседателскиот дворец

На состанокот ќе бидат разгледани последните случувања во регионот и внатрешно безбедносните прашања

128538
Состанок на Советот за безбедност во претседателскиот дворец

Денес во 13.00 часот (по турско време) под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот дворец Чанкаја ќе се одржи состанок на Советот за безбедност.
Според соопштението објавено од претседателскиот прес центар, на состанокот на советот за национална безбедност што ќе се одржи под претседателство на претседателот Реџеп тајип Ердоган ќе учествуваат премиерот Ахмет Давутоглу, началникот на генералштабот генерал на армија Неџдет Озел, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Исмет Јилмаз и министерот за внатрешни работи Ефкан Ала.
На состанокот ќе бидат разгледани последните случувања во регионот и внатрешно безбедносните прашања.


Тагови:

Слични вести