Турција и Катар ќе формираат Висок совет за стратешка соработка

Во претстојниот период мислам дека ќе се зголеми чувствителноста кон реалните инвестиции во Турција

126956
Турција и Катар ќе формираат Висок совет за стратешка соработка

Вториот ден на посетата на Катар, претседателот Реџеп Тајип Ердоган од страна на катарскиот емир Шеик Темим Бин Хамед Ал Сани беше дочекан со високи државни почести.
На свечениот дочек што се одржа пред зградата на Советот на емиратот, по интонирањето на националните химни, претседателот Ердоган и емирот - Шеик Темим Бин Хамад ја поздравија воената почесна гарда.
Претседателот Ердоган и катарскиот емир Шеик Темим бин Хамад по тет-а тет средбата, претседаваа со разговорите меѓу делегациите на двете земји.
Ердоган учествуваше на свечениот ручек што беше приреден во негова чест од страна на шеикот Темим.
По разговорите, претседателот Реџеп Тајип Ердоган на прес конференцијата за новинарите ги сподели деталите во врска со одлуките за развој и унапредување на соработката што ги усвоија двете земји.
Претседателот Ердоган рече дека Турција и Катар ќе формираат Висок совет за стратешка соработка и дека постигнале согласност идната година да се прогласи за година на Турција и Катар.
Во освртот на односите со катар, претседателот Ердоган рече дела заедничките инвестиции ќе се развијат многу поразновидно.
Претседателот Ердоган рече:
Средбата и разговорите со катарскиот емир навистина поминаа одлично и многу продуктивно. Разговаравме за чекорите што ќе преземеме во претстојниот период. Соодветните надлежни органи и колеги на двете земји во претстојниот период ќе имаат многу поинтензивни средби и разговори. Во претстојниот период мислам дека ќе се зголеми чувствителноста кон реалните инвестиции во Турција. Овие чекори ќе ја формираат основата на економските односи меѓу Турција и Катар. Гледано од аспект на културата, почнувајќи од крајот на годинава и почетокот на идната година, претстојниот период беше прогласен за година на Турско-катарската култура. Манифестацијата ќе се одбележи преку одржување различни свечености како во Турција така и во Катар. Еден од најзначајните чекори што го фрливме во полето на развојот на меѓусебната соработка е формирањето на Високиот совет за стратешка соработка.
Претседателот Ердоган од страна на катарскиот емир беше испратен со пријатен гест.
Имено катарскиот емир Шеик Темим Бин Хамед Ал Сани заедно со претседателот Ердоган ги фрлија темелите на турската чаршија што се предвидува да се изгради во Доха, а веднаш по овој настан емирот Ал Сани седна на шоферското седиште на службеното возило и самиот лично претседателот Ердоган го одведе на аеродромот.


Тагови:

Слични вести