Хуманоста на преден план

Турција споредено со националниот доход се покажа како земја која најповеќе од сите испраќа хуманитарна помош

123315
Хуманоста на преден план

Според глобалниот извештај за хуманитарна помош 2014 година Турција споредено со националниот доход се покажа како земја која најповеќе од сите испраќа хуманитарна помош.

Споредено по сумата на испратената хуманитарна помош на прво место се САД, по нив следува Англија,а по неа како трета Турција.
С

обирањето и испраќањето на хуманитарната помош на Турција се реализира во координација со телата како што се АФАД,ТИКА, Турската црвена полумесечина и Секретаријатот за односи со дијаспората и роднинските заедници.

Само лани Турција испрати 1,6 милијарди долари на име хуманитарна помош на сите страни на светот.
Во 2012 година вредноста на хуманитарната помош која ја испрати Турција изнесуваше 1милијарда 85 милиони долари, а во 2013 година 1,6 милијарди долари.

После Турција следуваат Кувајт кој одвои 0,20 насто од бруто националниот доход на име хуманитарна помош и Луксембург со одвоени 0,15 насто средства за хуманитарна помош.


Тагови:

Слични вести