Американско-турски разговори во Анкара

Џон Кери се состана со министерот Мевлут Чавушоглу а беше примен и од страна на претседателот Реџеп Тајип Еродган

123763
Американско-турски разговори во Анкара

Шефот на американската дипломатија Џон Кери првата средба во Анкара ја одржа со својот домаќин министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Пред разговорот Кери и Чавушоглу во кратката изјава за новинарите се задржаа на длабочината на односите меѓу САД и Турција и го најавија понатамошниот развој на билатералните односи.

Од извори блиски на Министерството за надворешни работи дознаваме дека во разговорот што се одржа зад затворени врати министерот Чавушоглу вниманието го привлекол на последиците од секташкиот приод на судирите во Ирак. Чавушоглу рекол дека секташкиот приод стана причина за појавата на радикализмот.
Во разговорот Кери-Чавушоглу станало збор за формирањето на новата влада во Ирак, за активностите што треба да се преземат во Ирак, за кипарските преговори и за случувањата во Либија. Министерот Чавушоглу и во оваа прилика ја нагласил спремноста на Турција за пружање хуманитарна помош таму каде што е потребна.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими Џон Кери во претседателскиот дворец Чанкаја во Анкара и се задржа со него во подолг разговор.

Американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери се очекува во вечерните часови да биде примен од страна на премиерот Ахмет Давутоглу .

 


Тагови:

Слични вести