Чавушоглу на турнеја по Блискиот Исток

Главна тема на разговорите во рамките на посетата се актуелните регионални прашања

120437
Чавушоглу на турнеја по Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу турнејата по Блискиот Исток ја започна од Јордан.
Чавушоглу најпрвин беше примен од страна на кралот Абдулах Втори во кралскиот дворец.
Средбата беше затворена за печатот.
Министерот Чавушоглу рече дека Турција посакува односите меѓу двете земји да се искачат на напредно ниво и споделуваат заедничко мислење и волја со Јордан.
Кралот Абдулах Втори рече дека за изнаоѓање решение на Палестинското прашање страните треба да се вратат на преговарачката маса и подвлече дека Палестинската држава треба да се формира врз база на бизонална држава според границите од 1967 година.
Министерот Чавушоглу одржа средба и со јорданскиот колега Насир Џудех.
Чавушоглу на заедничката прес конференција рече дека Турција и Јордан споделуваат исти мислења во врска со Палестинското прашање и изнаоѓање решение кое ќе се базира на формирање бизонална држава на Блискиот Исток. Исто така постигнавме согласност за преземање заеднички активности и борба против прашањата и проблемите во регионот како што се правата на Палестинците, како и конфликтите во Ирак и Сирија.
Посетите меѓу двете земји ќе продолжат и ќе се интензивираат во иднина рече Чавушоглу и додаде дека ќе зајакне соработката во полето на образованието, трговијата и туризмот.
Јорданскиот министер за надворешни работи Џудех изрази задоволство од тоа што Чавушоглу првата надворешна посета ја оствари на Јордан.
Џудех рече дека Турција и Јордан споделуваат заедничка судбина во врска со кризата во Сирија, бегалците и случувањата во Ирак.
По посетата на Јордан, министерот Чавушоглу отпатува за Бахреин.
Чавушоглу во Манама беше дочекан од страна на кралот Хамад Бин Иса ал Халифе, а исто така доржа средби и со колегата ШеикХалид Бин Ахмед Бин Мухамед Ал Халифе.
Следната дестинација на посетата на министерот Чавушоглу е Катар.
Министерот за надворешни работи Чавушоглу ќе учествува на состанокот „Заканите и ризиците на Блискиот Исток“ што ќе се одржи под покровителство на Саудиска Арабија во Џеда.


Тагови:

Слични вести