Турско - американски разговори во Анкара

Американскиот државен секретар за одбрана Чак Хегел беше во посета на Анкара

118721
Турско - американски разговори во Анкара

Хегел во Анкара допатува од Грузија.

Прва средба на Хегел во Анкара беше средбата со Началникот на Генералштабот на Турските вооружени сили генерал на армија Неџдет Озел.

После разговорот со генерал Озел, Чак Хегел беше примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во разговорот станало збор за терористичката организација ИСИЛ како и за актуелни безбедносни прашања кои што се однесуваат на поблиското опкружување на Турција.

После приемот кај претседателот Ердоган Чак Хегел го посети Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, Аниткабир каде положи венец со свежо цвеќе на неговиот гроб.

После посетата на Мавзолејот на Ататурк американскиот државен секретар за одбрана Чак Хегел водеше 40 минутен разговор со премиерот Ахмет Давутоглу.

Се дознава дека на дневниот ред на разговорот се наоѓале актуелни и горливи прашања како што се ситуацијата во Украина, во Сирија и во Ирак.

 


Тагови:

Слични вести