Ердоган на Самитот на НАТО ги изнесе ставовите на Турција

НАТО треба да ги одржи дадените ветувања на Азербејџан

115684
Ердоган на Самитот на НАТО ги изнесе ставовите на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на самитот на НАТО го изнесе ставот на Турција во однос на регионалните прашања.
Ердоган го сподели мислењето во врска со чекорите што треба да се преземат околу прашањата како што се Авганистан, Азербејџан, Крим, Сирија и Ирак.
Во Авганистан очекуваме што поскоро да заврши претседателскиот изборен процес. По завршувањето на мисијата на ИСАФ во Авганистан и повлекувањето на меѓународните сили, Турција братскиот народ на Авганистан нема да го препушти на својата судбина и нема да ги оставиме насамо, рече Ердоган.
Турција ќе продолжи со поддршката на политичката независност, територијалниот интегритет и суверенитет како и националното единство на Украина и во иднина рече Ердоган.
Турција нема да ја признае илегалната анексија на Крим потсети Ердоган и додаде дека ќе ги подржат напорите да не се изолираат Кримските Татари и изнаоѓањето политичко решение.
НАТО треба да ги одржи дадените ветувања на Азербејџан рече претседателот Ердоган и подвлече дека решението на прашањето Нагорно Карабах во рамките на територијалниот интегритет на Азербејџан има големо значење.
Во врска со насилствата кои предизвикуваат закана за регионалната безбедност и стабилност особено во Сирија и Ирак претседателот Ердоган рече дека треба да се фрлат заеднички и решителни чекори.
Претседателот Ердоган подвлече дека треба да се развие сеопфатна стратегија против терористичките организации кои го искористуваат хаосот во регионот предизвикан од немото набљудување на сето она што го прави сирискиот режим.


Тагови:

Слични вести