Неотварањето на поглавјата не е крај на светот

Турција треба да го достигне нивото на ЕУ

113744
Неотварањето на поглавјата не е крај на светот

Министерот за евроинтеграции Волкан Бозкир во врска со неотварањето на поглавјата поради политички причини рече дека ако се отворат ќе бидеме среќни, ако не се отворат, тоа не е крај на светот.
Бозкир рече дека во сето најзначајно е Турција да го достигне нивото на ЕУ и подвлече на значењето на остварените реформи.
Министерот за евроинтеграции Волкан Бозкир вчера го прими амбасадорот на Пртугалија во Анкара Хорге Кабрал.
Министерот Бозкир одговараше на прашањата на новинарите и се осврна на ставот на ЕУ во врска со неотварањето на поглавјата.
Турција вложува големи напори за отворање на новите поглавја, но отворањето на поглавјето не ја сочинуваат основата на севкупните односи со ЕУ. Ако односите со ЕУ личат на океан, тогаш отворањето на поглавјата е само кајче од хартија. Во 2006 година кога беше блокирана Турција, ние ги отворивме сите поглавја. За кратко време ќе ги затвориме сите поглавја. Турција од аспект на легислативата на ЕУ ќе го достигне нивото на ЕУ. Ако ЕУ не ги отвори поглавјата кои ние ги затворивме, тоа не е наш проблем, рече Бозкир.
Најзначајно во сето тоа е издигнување на нивото на Турција на нивото на ЕУ, подвлече Бозкир и додаде дека Турција тоа може да го направи и без да се отворат поглавјата.

 


Тагови:

Слични вести