Турско-азербејџански разговори на највисоко ниво во Баку

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган од денеска престојува во официјална посета на Азербејџан

112595
Турско-азербејџански разговори на највисоко ниво во Баку

Посетата на Азербејџан е втора надворешна посета на претседателот Ердоган после преземањето на највисоката државничка функција во земјата.

Претседателот Ердоган во Азербејџан го придружуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Исмет Јилмаз и министерот за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз.

После средбата со својот домаќин претседателот Илхам Алиев, претседателот Ердоган ќе одржи конференција за печатот заедно со својот домаќин. Нешто потоа ќе се одржат официјалните разговори на највисоко ниво.

Претседателот Ердоган во Баку ќе ја посети алејата на паднатите турски војници.

Пред заминувањето за Азербејџан претседателот Ердоган на аеродромот Есенбоа во Анкара изјави за новинарите дека стана традиција во Турција и во Азербејџан новите претседатели на државата после инаугурацијата меѓусебно да се посетуваат. Во тие рамките е мојата посета на Азербејџан која ја остварувам веднаш после посетата на Турската Република Северен Кипар.

Во разговорот со мојот ценет домаќин претседателот Алиев очекувам да се задржиме на актуелните билатерални, регионални и меѓународни прашања, истакна претседателот Ердоган.



Тагови:

Слични вести