Денес е 30-ти август, Ден на победата

92-та годишнина од славната историја се слави со голема радост и свечени манифестации низ целата земја

108171
Денес е 30-ти август, Ден на победата

Пред 92 години, на 30-ти август 1922 година, турските вооружени сили предводени од Мустафа Кемал Ататурк извојуваа победа над непријателот во Битката кај Думлупинар.
Иако окупаторските сили целосно земјата ја напуштија дури по овој датум, 30 август има симболично значење од аспект на враќањето на окупираните територии.
92-та годишнина од славната историја се слави со голема радост и свечени манифестации низ целата земја.
Првата свечена манифестација во Анкара започне во мавзолејот на Ататурк.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган заедно со државниот врв ќе учествуваат на манифестацијата што ќе се одржи во Мавзолејот.
Нешто потоа претседателот Ердоган ќе замине во државниот дворец каде што во својство на главен командант ќе ги прими честитките.
Во културниот центар Ататурк во Анкара исто така ќе се одржи манифестација по повод празникот на победата.
Во меѓувреме, во Воената академија ќе се одржи свеченост по повод доделувањето ан дипломите на која ќе учествува и претседателот Едроган.
Во вечерните часови претседателот Ердоган ќе приреди прием во дворецот Чанкаја по повод Празникот на победата.


Тагови:

Слични вести