Изборот за претседател не е крај туку нов почеток

Премиерот и иден претседател Реџеп Тајип Ердоган им се обрати на делегатите и гостите на конгресот на Партијата

105556
Изборот за претседател не е крај туку нов почеток

Премиерот и иден претседател Реџеп Тајип Ердоган им се обрати на делегатите и гостите на конгресот на Партијата на правдата и напредокот што се одржува во спортската сала Арена во главниот град Анкара.

Ердоган рече дека за да се постигне успех во една мисија пред се треба да се разговара,дебатира и почитува мислењето на другите.

Ердоган од говорницата порача на единство и упати пораки до сите граѓани на државата.
Тој додаде дека за време на неговиот мандат како премиер на Турција економијата постигна видни резултати, долгот на земјата кон Меѓународниот Монетарен фонд целосно се исплати и политиката се ослободи од силните влијанија на одредени средини.

Престанувањето на терористичките активности беше едно од клучните и храбри потези на владата, а напредувањето кон членство во Европската унија се реализираше со решителни чекори. Во земјата беа спроведени демократски реформи. Човековите права и слободи ги достигнаа највисоките стандарди.

Денес е ден кога иднината на Турција е многу посветла од било кога досега, рече на крајот Ердоган и додаде дека политиката е единственото решение за секој проблем во било кое општество.



Тагови:

Слични вести