Турција и Кина во потрага по нова воена соработка

Во Анкара започнаа преговорите меѓу Турција и Кина за постигнување договор за ракетно одбранбен воздушен систем со долг дострел

104079
Турција и Кина во потрага по нова воена соработка

По тој повод соопштение издаде секретаријатот на Турската одбранбена индустрија. Во соопштението се подвлекува дека системот кој се планира да се обезбеди од Кина е комплексна конструкција и дека истиот бара детално истражување и подготовка на сета домашна инфраструктура, заедничките производствени капацитети, т трансфер на технологијата како и вклучување на индустријата.

Во соопштението се додава дека преговорите меѓу делегациите од двете земји се во тек и дека до 31 декември годинава се пролонгира рокот за поднесување на предлози од двете страни.


Тагови:

Слични вести