Ердоган пред вонредниот конгрес одржа состанок со советниците
Давутоглу одржа состанок со некои министри
Премиерот Реџеп Тајип Ердоган пред вонредниот конгрес на АК партијата одржа состанок со советниците.
Премиерот Ердоган по одморот во куќата, замина во седиштето на АК партијата.
Веднаш по премиерот Ердоган, во седиштето на партијата дојдоа потпретседателот на владата Бешир Аталај и министерот за внатрешни работи Ефкан Ала.
Од друга страна пак, по објавувањето на кандидатурата за претседател на АК партијата, министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу почна со поинтензивно темпо на работа.
Давутоглу целиот ден го помина во работната канцеларија.
Потпретседателот на владата Али Бабаџан и пратеникот од Анкара Јалчин Акдоган, како и министерот за трансапорт, поморство и комуникации Љутфу Елван исто така дојдоа во работната канцеларија и се состанаа со Давутоглу.
На министерот Ахмет Давутоглу му пристигнаа голем број пораки со честитки за кандидатурата за претседател на партијата.