Ердоган одржа телефонски разговори со Мун и Путин

Двајцата лидери на Ердоган му честитаа за изборот за претседател и разменија мислења за актуелните случувања

101254
Ердоган одржа телефонски разговори со Мун и Путин

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган одржа телефонски разговори со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и рускиот претседател Владимир Путин.
Главна тема на разговорот кој беше одржан по телефонскиот повик на Бан Ки Мун кој истовремено му честиташе на Ердоган за изборот за претседател, беа случувањата во Газа.
На разговорот Ердоган – Путин, двајцата лидери постигнаа согласност за зајакнување на билатералните односи.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, по телефон го побара премиерот Ердоган и му честиташе за изборот за претседател на државата.
Премиерот Ердоган на средбата потенцираше на потребата за укинување на блокадата и ембаргото врз Газа и подвлече дека Турција активно ќе продолжи со соработката со меѓународната заедница за воспоставување одржливо примирје.
Ердоган меѓудругото го информираше Бан за хуманитарната помош, формирањето полски болници и проектите со кои се планира да се обезбеди електрична енергија за жителите на областа.
Ердоган и Бан на разговорот постигната согласност за поддршка на одржувањето на донаторска конференција за Палестина под лидерство на Норвешка.
Премиерот Реџеп Тајип Ердоган одржа телефонски разговор и со рускиот претседател Владимир Путин кој го побара веднаш по изборот за претседател и му честиташе.
Ердоган му се заблагодари на Путин по повод честитките како и фактот дека беше меѓу првите лидери кои му честитаа за изборот. На разговорот беше ставен акцент на унапредувањето на односите меѓу Русија и Турција.
Путин, на средбата изрази надеж и верување дека во периодот на претседателствувањето на Ердоган, уште повеќе ќе зајакнат односите меѓу двете земји.

 


Тагови:

Слични вести