Продолжува испраќањето хуманитарна помош на Газа

Преку коридорот за хуманитарна помош од Турција за Газа се предвидува да се испрати 11 илјади кутии помош

92825
Продолжува испраќањето хуманитарна помош на Газа

Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД) ја испрати втората етапа на хуманитарна помош на настраданите Палестинци преку воздушниот мост меѓу Турција и Газа.
Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД) преку коридорот за хуманитарна помош што го отвори со помош на Агенцијата за помош на палестинските бегалци при ОН со цел да ги задоволи основните животни потреби и намирници на Палестинците во Газа, од аеродромот Есенбога во Анкара испрати уште 3500 кутии храна.
Кутии за хуманитарна помош содржат конзерви риби туна, месо, грав, хумус, овошен сок, чај, шеќер, таан, бисквити и млеко во прав како и разни видови конзерви.
АФАД на 11-ти август го отвори воздушниот коридор за доставување хуманитарна помош на народот на Газа кој се соочува со големи тешкотии од аспект на пристапот до основните прехранбени продукти како што се храна, вода и лекови.
Истиот ден, 4 повредени Палестинци беа евакуирани од страна на АФАД а во првата етапа АФАД на Палестинците во газа им достави 3500 кутии храна.
Преку коридорот за хуманитарна помош од Турција за Газа се предвидува да се испрати 11 илјади кутии помош.


Тагови:

Слични вести