Синоќа во доцните часови се одржа состанок за безбедност
Со состанокот претседаваше премиерот Реџеп Тајип Ердоган
На синоќешниот состанок за безбедност што се одржа во доцните часови во Анкара беа разгледани последните случувања во Ирак
Состанокот се одржа во 23 часот во резиденцијата на владата, по враќањето на премиерот Реџеп Тајип Ердоган од Газиантеп во Анкара и траеше 1 час и 15 минути.
На состанокот што се одржа под претседателство на премиерот Реџеп Тајип Ердоган учествуваа началникот на генералштабот генерал на армија Неџдет Озел, вториот началник на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на жандармеријата генерал на армија Сервет Јорук, министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу, потсекретарот при владата Фахри Касирга и потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.
Главна тема на состанокот беа случувањата во Ирак и регионот.
По состанокот кој заврши околу 01 часот по полноќ не беше објавени никакво соопштение.
Слични вести
