Седница на Врховниот воен совет

Со одлука на Советот дојде до измена во командниот кадар на турските вооружени сили

80904
Седница на Врховниот воен совет

Врховниот воен совет одржа редовна седница со која претседаваше премиерот Реџеп Тајип Ердоган. Одлуките усвоени на седницата ден пред очекуваното беа доставени до претседателот Абдулах Ѓул, по што и беа соопштени на јавноста.

За нов командант на жандармериските единици е поставен досегашниот командант на егејската армија генерал на армија Абдулах Атај.

Досегашниот командант за обука и доктрина на копнената армија генерал на армија Салих Зеки Чолак е поставен за командант на Првата армија.

Почнувајќи од 30 август 2014 година унапредени се 37 генерали и адмирали и 51 полковник.

На 34 генерали и адмирали им се продолжи рокот на службата.

43 генерал и адмирал почнувајќи од 1 септември 2014 година ќе заминат во пензија.



Тагови:

Слични вести