Турските граѓани во странство гласаат за претседател на Турција

Прв пат досега граѓаните на Република Турција во странство претседателот на државата го бираат во земјите во кои престојуваат

74988
Турските граѓани во странство гласаат за претседател на Турција

Започна гласањето на турските граѓани во странство

Први гласаа турските граѓани кои живеат и работат во Австралија.

Прв пат досега граѓаните на Република Турција во странство претседателот на државата го бираат во земјите во кои престојуваат. Гласањето ќе се одвива на определените гласачки места како што е Сент Килда Сити Хол во Мелбурн Австралија каде се одржа првото гласање денес во раните утрински часови.

Согласно одлуката на Врховниот изборен совет на република Турција првиот круг од гласањето за претседател на државата во странство ќе се одржи од 31 јули до 3 август и тоа во Германија, САД, Белгија, Данска, Франција, Холандија, Израел, Швајцарија, Италија, Турската Република Северен Кипар, Либан, Норвешка, Романија, Саудиска Арабија и Туркменистан.

Гласањето во Канада, Австралија и Русија ќе се одвива од 31 јули до 2 август, а во Бугарија и Казахстан од 1 до 3 август.

Следуваат Австрија, Грција, Алжир, Англија, Шведска, Јапонија, Катар, Киргистан, Унгарија и Македонија каде ќе се гласа од 2 до 3 август, па Кина каде ќе се гласа на 31 јули, Обединетите Арапски Емирати на 2 август, Албанија, Азербејџан, Бахраин, Босна и Херцеговина, Чешката Република, Финска, Јужна Африка, Оман, Јордан и Нов Зеланд каде ќе се гласа на 3 август.

Турските државјани со право на глас на престој во странство доколку не гласаат со закажување или дента кога е за нив определено ќе можат да го искористат правото на глас на граничните премини до 10 август.

 


Тагови:

Слични вести