Танкер со гориво експлодира во Лиџе кај Малатја
Во месноста Лиџе кај Дијарбакир експлодира еден танкер со течно гориво кој се преврти
Пламенот од танкерот кој гореше се прошири на неколку метри кој опфати 2 патнички автобуси и едно возило кои поминуваа по патот каде што експлодираше.
Во несреќата што се случи во која беа опожарени и други возила, беа повредени 70 лица.
Здравствената состојба на 20 повредени е тешка.
По пристигнувањето на информацијата за несреќата, на местото на несреќата беа испратени голем број амбулантни и пожарникарски коли и тоа од Дијарбакир како и околните населени места.
Во болницата на медицинскиот факултет Диџле каде што беа пренесени поголемиот број од повредените беше прогласена алармантна состојба.
За лекување на некои од повредените во одделенијата за интензивна нега беа донесени дополнителни болнички кревети, додека некои повредени со тешки изгоретини, по првата интервенција беа пренесени во болниците во околните градови Малатја, Батман и Елазиг.