Средби и разговори на Абас со Ѓул и Ердоган во Истанбул

Како што беше досега така и во иднина турскиот народ ќе биде покрај палестинскиот, подвлече претседателот Абдулах Ѓул

64589
Средби и разговори на Абас со Ѓул и Ердоган во Истанбул

Претседателот на палестинската држава Махмуд Абас кој што допатува во Турција водеше разговори со претседателот Абдулах Ѓул и премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Средбите и разговорите на Абас со Ѓул и Ердоган се одржаа во Истанбул.

После приемот кај претседателот Ѓул се одржа конференција за печатот на која претседателот Ѓул истакна дека во последните 10 дена нападите на Израел на Газа се насочени како кон палестинскикот народ така и кон владата на компромис. Претседателот Ѓул му се заблагодари на претседателот Абас и на членовите на палестинскта државна делегација за прижањето информации од прва рака за случувањата на Блискиот Исток. Претседателот Ѓул воедно ја истакна потребата од што поскоро испраќање на хуманистарна помош до жителите на Газа, од продолжување на прекинот на огнот и изнаоѓање на конечно решение. Како што беше досега така и во иднина турскиот народ ќе биде покрај палестинскиот, подвлече претседателот Абдулах Ѓул.

Претседателот на палестинската држава Махмуд Абас истакна дека за нив односите со Турција се од темелно значење, дека постојано контактираат со Турција и дека чувствуваат големо задоволство од поддршката на Турција како во Обединетите Нации така и пошироко.

После средбата со претседателот Абдулах Ѓул високиот гостин од Палестина, претседателот Махмуд Абас во придружба на премиерот Реџеп Тајип Ердоган се појави во салата каде партискиот огранок на АК партијата на Истанбул приредуваше ифтар. После ифтарот претседателот Абас и премиерот Ердоган водеа разговоро зад затворени врати во канцеларијата на премиерот во Долмабахче Сарајот. Се дознава дека Абас и Ердоган разговарале за актуелните случувања во Газа после копнената операција на израелската армија и улогата на Турција во тоа што би можело да се преземе.

После разговорот во кој станало збор и за билатералните прашања не беше издадено било какво официјалчно соопштение до јавноста.

 


Тагови:

Слични вести