Турција со загриженост ја следи ситуацијата во Газа

Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу деновиве води засилена дипломатска активност

132559
Турција со загриженост ја следи ситуацијата во Газа

Турција со загриженост ја следи ситуацијата во Газа која скоро десет дена е под израелско бомбардирање.

Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу кој деновиве води засилена дипломатска активност водеше разговори по телефон со палестинскиот претседател Махмуд Абас, шефот на политичкото биро на Хамас Халид Мешал и со шефовите на дипломатиите на САД. Германија и Иран.

Давутоглу вчера водеше телефонски разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Фредерика Могерини. Во разговорот станало збор за актуелната ситуација на Блискиот исток после израелското бомбардирање на цивилите во Газа.

 

 


Тагови:

Слични вести