Месут Барзани на разговори во Анкара

Регионалниот курдски лидер од Северен Ирак, Месут Барзани во Анкара беше примен од страна на претседателот Абдулах Ѓул а потоа и од страна на премиерот Реџеп Тајип Ердоган

129610
Месут Барзани на разговори во Анкара

Извори блиски до кабинетот на премиерот Ердоган соопштија дека во разговорот станало збор за активностите што треба да се преземат за формирање на нова влада во Ирак со цел повторно воспоставување на мир и стабилност во земјата.

Освен тоа станало збор и за испраќање на хуманитарна помош од Турција за граѓаните во загрозените подрачја во Ирак и за одредени билатерални прашања како што е економската соработка особено во енергетиката.

Барзани третата средба во Анкара ја одржа со министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Во разговорот дознаваме дека меѓу другите прашања станало збор за потребата од формирање на нова влада во Ирак, воедно и за соработката со регионалната управа во Северен Ирак за низа прашања моѓу кои и за енергетските прашања.

Посебна точка на дневниот ред на разговорот Барзани – Давутоглу била соработката во борбата против тероризмот.



Тагови:

Слични вести