Турција ги повика нејзините граѓани да го напуштат Ирак

Министерството за надворешни работи на Турција издаде соопштение со кое ги повика турските граѓани на работа или престој во Ирак да ја напуштат земјата

121026
Турција ги повика нејзините граѓани да го напуштат Ирак

Министерството за надворешни работи на Турција ги повика турските граѓани кои живеат или работат во Ирак веднаш да ја напуштат земјата доколку немаат виза за престој или дозвола за работа бидејќи во случај да бидат откриени им следува парична или затворска казна.

Во соопштението се додава следното : Од безбедносни причини силно им се препорачува на турските државјани на работа или престој во Ирак што поскоро да ја напуштат земјата или да се воздржат од патување во оваа земја.

Во истото соопштение се подвлекува дека без престанок продолжуваат напорите за ослободување на киднапираниот персонал на турскиот генерален конзулат во Мосул, како и тоа дека ќе продолжи помошта и поддршката на туркменското население и ирачките граѓани кои што се погодени од судирите во Ирак.

 


Тагови:

Слични вести