Ердоган свика итен состанок за Ирак
Состанокот беше затворен за јавноста и траеше приближно 2 часа
117023
Премиерот Реџеп Тајип Ердоган одржа состанок со командантот на копнените војски на турските вооружени сили Хулуси Акар и со министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
Состанокот кој што беше затворен за јавноста траеше приближно 2 часа а на истиот беше разгледана последната ситуација во Ирак, како и состојбата на киднапираните вработени во турскиот генерален конзулат во Мосул кои се држат како заложници од страна на ИСИЛ, соопшти кабинетот на премиерот Ердоган.