Поддршка од Европската Унија за преговарачкиот процес во Турција
Европската унија соопшти дека е задоволна од одлуката на турската влада за заживување на преговорите
Европската унија соопшти дека е задоволна од одлуката на турската влада за заживување на преговорите со цел престанување на терористичките активности во земјата и за преземање на мерки за продолжување на прекинот на огнот.
Високата европска претставничка за надворешна политика и за безбедност Кетрин Ештон и европскиот комесар задолжен за проширувањето и за добрососедските односи Штефан Филе издадоа заедничко соопштение до јавноста во кое се истакнува увереност дека новиот закон ќе претставува посилна основа за преговорите и дека може да има голем придонес во стабилноста на Турција и почитувањето на човековите права.
Во соопштението се подвлекува дека Европската унија ги поддржува напорите во правец на мир во континуитет.
Слични вести

Уште еден терорист им се предаде на турските безбедносни сили
На тој начин бројот на терористите кои се предадоа оваа година по пат на убедување се зголеми на 51