Седница на Советот за Национална Безбедност

На дневниот ред на седницата се поставени низа актуелни внатрешни и надворешни случувања, како и нападот на турскиот конзулат во Мосул

107561
Седница на Советот за Национална Безбедност

Денеска во 14 часот седница ќе одржи државниот Совет за Национална Безбедност со кој ќе претседава претседателот на републиката Абдулах Ѓул.
На дневниот ред на седницата на Советот се поставени низа актуелни внатрешни и надворешни случувања, како и нападот на турскиот конзулат во Мосул, Ирак.
Се очекува на седницата да се расправа и за последните случувања во Ирак и во Сирија како и положбата на туркменското население во овие земји.
На седницата на државниот Совет за Национална Безбедност ќе биде разгледана состојбата на бегалците од Сирија сместени во Турција.

 


Тагови:

Слични вести