Турција силно го поддржува мировниот план на Порошенко

Министерството за надворешни работи на Турција издаде соопштение во кое се вели дека Турција силно го поддржува мировниот план

103539
Турција силно го поддржува мировниот план на Порошенко

Министерството за надворешни работи на Турција издаде соопштение во кое се вели дека Турција силно го поддржува мировниот план што го предложи претседателот на Украина Петро Порошенко.

Во соопштението се додава дека, едностраниот прекин на огнот, како и апелот до вооружените групи кои биле вмешани во нелегални активности да го положат оружјето и да се приклучат кон политичко решавање на кризата во земјата претставува важна можност која не треба да се испушти.

Во соопштението исто така се изразува задоволство од воспоставениот политички дијалог меѓу Украина и Руската Федерација со цел решавање на кризата и реализирање на мировниот план.

Турција и понатаму ќе продолжи со својата конструктивна улога во правец на зачувување на територијалниот интегритет на Украина како и со поддршката на меѓународните активности во правец на решавање на кризата, се вели на крајот од соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

 


Тагови:

Слични вести