Турција испраќа хуманитарна помош за Ирак

После пристигнувањето на хуманитарната помош на целта во Синџар во Ирак, на пат е нова пратка од хуманитарна помош наменета за загрозеното население во Ќеркук.

103049
Турција испраќа хуманитарна помош за Ирак

Центарот за борба со природни непогоди и катастрофи во составот на владата познат по кратенката АФАД испрати хуманитарна помош за загрозеното население во Ирак.

АФАД досега во Ирак има испратено храна во кутии доволна за прехранување 41 000 лица, потоа 110 000 ќебиња, 1 920 легла, 2000 парчиња кујнски прибор, шатори за сместување на 12 000 лица и 217 982 кутии со лекови и медицински материјали.

Според последното соопштение на АФАД после пристигнувањето на хуманитарната помош на целта во Синџар во Ирак, на пат е нова пратка од хуманитарна помош наменета за загрозеното население во Ќеркук.

Координативниот центар на АФАД во меѓувреме соопшти дека во соработка со Турската Црвена Полумесечина во Ирак биле испратени 17 шатори за разна намена, 10 848 шишиња со вода за пиење од по литар и половина, 906 924 паковања на бисквити како храна за бебиња и друго.

АФАД соопшти дека етапното испраќање на хуманитарна помош за Ирак ќе продолжи и во иднина.

 


Тагови:

Слични вести