Премиерот Ердоган на турнеја по Европа

100157
Премиерот Ердоган на турнеја по Европа

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган денес ја започнува тридневната турнеја по Европа во чии рамки ќе се состане со турските граѓани во Австрија и Франција.
Премиерот Ердоган најпрвин ќе престојува во посета на Виена.
По повод 10 годишнината од формирањето на Демократскиот сојуз на Турците во Европа, премиерот Ердоган ќе им се обрати на печалбарите во Виена.
Пред да премине во следната дестинација во Франција, премиерот Ердоган претходно се планира да одржи средба со австрискиот министер за надворешни работи Себастиан Курц.
Утре премиерот Ердоган во Парис ќе се состане со претседателот Франсоа Холанд.
На средбата во Елисејската палата, покрај критичните прашања како што се ситуацијата во Ирак, Сирија, случувањата во 1915 година, ќе бидат разменети мислења и во врска со процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ.
По средбите, премиерот Ердоган, на 21 јуни сабота ќе замине во францускиот град Лион каде што ќе се остане со турските граѓани во оваа земја.


Тагови:

Слични вести