Tурција испрати хуманитарна помош за Туркмените во Ирак

Хуманитарната помош се состои од храна за 15 000 лица и 250 шатори за сместување

98523
Tурција испрати хуманитарна помош за Туркмените во Ирак

Tурција испрати хуманитарна помош за Туркмените во Ирак
Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу соопшти дека конвојот со хуманитарна помош наменета за Туркмените кои го напуштија Мосул и се засолнаа во Северен Ирак пристигнал на целта.

Хуманитарната помош се состои од храна за 15 000 лица и 250 шатори за сместување. Освен тоа Турската Црвена Полумесечина испрати 10 000 ќебиња, 2 000 кревети, 2 000 кутии разновиден кујнски прибор и 217б 000 кутии со лекови и медицински материјал.

Во Телафер и Синџар се уште продолжуваат судирите, рече министерот Давутоглу и додаде дека вистинските напори се насочуваат во правец на воспоставување стабилност и безбедност во Ирак, така што Турција е во постојан контакт како со Багдад така и со другите регионални земји.





Тагови:

Слични вести