Турција го евакуира генералниот конзулат во Басра

Персоналот на конзулатот на безбеден начин бил префрлен во Кувајт

99045
Турција го евакуира генералниот конзулат во Басра

Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу преку твитер соопшти дека од безбедносни причини се затвора генералниот конзулат во Басра во Ирак и дека персоналот од конзулатот на безбеден начин бил префрлен во Кувајт. Давутоглу додаде дека кризниот центар формиран во министерството после нападот на турскиот генерален конзулат во Мосул работи 24 часа и дека истиот е фокусиран на евакуацијата на турските граѓани од опасните региони во Ирак во побезбедни. Според министерот Давутоглу засега амбасадата на Турција во Багдад ќе продолжи да функционира.

Дипломатски извори истакнуваат дека, нема да има прекин во авионските линии на турската авионска компанија Туркиш Ерлајнс за Басра, воедно и дека евакуацијата на персоналот од турскиот генерален конзулат во Басра е само привремена мерка.

Во меѓувреме продолжуваат дипломатските активности за ослободување на турските граѓани во Ирак . Вчера по тој повод се состанаа министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу и претседателот на парламентот Џемил Чичек.

На барање на јавниот обвинител на Анкара 9. суд за тешки кривични дела донесе забрана за објавување на вести и информации во врска со упадот на турскиот генерален конзулат во Мосул. Забраната е донесена со цел да се заштити безбедноста на киднапираните турски државјани кои ИСИД ги држи на непознато место.

 


Тагови:

Слични вести