Ердоган на тридневна турнеја по Австрија и Франција

Ирак и Сирија, настаните од 1915 година, како и пристапните преговори на Турција со Европската Унија се теми на дневниот ред на Ердоган во Австрија и Франција

99138
Ердоган на тридневна турнеја по Австрија и Франција

Прва дестинација на премиерот Реџеп Тајип Ердоган ќе биде главниот град на Австрија Виена. Во Виена премиерот Ердоган ќе има средба со претставници на Унијата на турските демократи во Европа ,по што по повод 10 годишнината од формирањето на унијата ќе им се обрати на турските државјани кои живеат во Австрија.

Во Виена премиерот Ердоган ќе има средба со министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Круз.

По Виена премиерот Ердоган ќе отпатува за Лион,Франција каде ќе има средба со турските граѓани кои живеат и работат во Франција.

Премиерот Ердоган во петок на 20 јуни ќе се состане со претседателот на Франција Франсоа Оланд во Елисејската Палата во Париз. Во разговорот меѓу другото ќе стане збор за ситуациите во Ирак и во Сирија, настаните од 1915 година, како и пристапните преговори на Турција со Европската Унија.

 

 



Тагови:

Слични вести