Tурција ги повика своите граѓани од Ирак

Турските државјани кои живеат и работат во Мосул, Ќеркук, Селахадин, Дијала, Анбар, Басра и главниот град Багдад веднаш да го напуштат Ирак

97662
Tурција ги повика своите граѓани од Ирак

Министерството за надворешни работи на Турција издаде официјално соопштение со кое ги повика турските државјани кои живеат и работат во Мосул, Ќеркук, Селахадин, Дијала, Анбар, Басра и главниот град Багдад веднаш да го напуштат Ирак и да се вратат во земјава.

Соопштението беше издадено после седницата на кризниот штаб кој беше формиран веднаш после инцидентот со упадот во турскиот генерален конзулат во Мосул.

После вестите за жестоките судири во Ирак, и како резултат на загрозената безбедност на граѓаните и особено странските државјани во земјата, се заклучи дека постои потреба од предупредување на турските државјани во оваа земја за тоа дека нивната безбедност е под закана, се вели во соопштението.



Тагови:

Слични вести