Bонредна седница на владата во тесен состав

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган свика итна седница во тесен состав на владата која беше посветена на случувањата во Мосул

95973
Bонредна седница на владата во тесен состав

Ситуацијата во Мосул на дневен ред на вонредна седница на владата во тесен состав.
Премиерот Реџеп Тајип Ердоган свика итна седница во тесен состав на владата која беше посветена на случувањата во Мосул. На состанокот учествуваа заменик премиерот Бешир Аталај, министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу, Началникот на генералштабот на Турските вооружени сили генерал на армија Неџдет Озел, генералниот директор на разузнавачката служба МИТ и потсекретарот на министерството за надворешни работи Феридун Синилирлиоглу.
Состанокот траеше околу 2 часа и истиот беше подготвителен состанок пред седницата на владата. Состанокот се одржа зад затворени врати и не беше издадено било какво соопштение.

 

 


Тагови:

Слични вести