Претседателот Ѓул одржа состанок по повод случувањата во Мосул

95253
Претседателот Ѓул одржа состанок по повод случувањата во Мосул

Вчера во претседателскиот дворец Чанкаја беше одржан состанок по повод случувањата во Мосул
По нападот на организацијата Исламска држава Ирак и Леванд (ИСИЛ) на генералниот конзулат на РТ во Мосул, во Анкара беа одржани низа состаноци.
На вчерашниот состанок што се одржа под покровителство на министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу учествуваа потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, вториот началник на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, претставници на полицијата и МНР и беа разгледани последните информации.
Нешто потоа, на покана на претседателот Абдулах Ѓул, во претседателскиот дворец Чанкаја беше одржан вториот состанок.
Претседателот Ѓул со цел да се стекне со детални информации за случувањата во Мосул ги повика министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу, потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, вториот началник на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и потсекретарот на МНР Феридун Синирлиоглу.
На состанокот детално беа разгледани сите информации и беа разменети мислења во врска со стратегијата што ќе се следи.
Соопштението во врска со постигнатото ниво на преговорите, беше објавено од страна на заменик министерот за надворешни работи Наџи Кору.
Здравствената состојба на персоналот на конзулатот и турските возачи е добра, рече Кору и ги демантираше тврдењата во врска со тоа дека заложниците биле пренесени во Сирија. Кору рече дека заложниците сеуште се наоѓаат во Мосул.
Заменик министерот Наџи Кору рече дека за турските возачи се бара откуп и дека за време на нападот, бројот на милитантите бил многу голем, поради што не можеле да се спротивстават.
Кору во изјавата подвлече на повлекувањето на безбедносните сили од страна на ирачките власти пред нападот, кои биле одговорни за безбедноста на конзулатот.


Тагови:

Слични вести