Предупредување од МНР до граѓаните за патувањето во Либија

94998
Предупредување од МНР до граѓаните за патувањето во Либија

Во соопштението објавено од страна на МНР беше подвлечено на чувствителната ситуација во Бингази и другите покраини во Либија во последните денови.
Генералниот конзулат на РТ во Бингази, почнувајќи од 14 јуни привремено ќе ги укине активностите и услугите и сите активности ќе се водат од амбасадата во Триполи.
Во соопштението беше истакнато дека генералниот конзулат во Мисурата ќе биде отворен. Се предупредуваат Турските граѓани во оваа земја да се воздржат од патување по патиштата за Бингази и другите градови доколку навистина не се принудени.
Во соопштението беше упатено следното предупредување.
На турските граѓани кои што се наоѓаат во овие подрачја им се препорачува преку аеродромот Лабрак во градот Бејда со првиот лет да ги напуштат овие места.


Тагови:

Слични вести