Итен состанок по повод случувањата во Мосул

92222
Итен состанок по повод случувањата во Мосул

Вчера во претседателската резиденција се одржа итен состанок во по повод случувањата во Мосул
Информациите за упадот на приврзаниците на организацијата „Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ)“ во турскиот конзулат во Мосул и киднапирањето на генералниот конзул Озтурк Јилмаз и вработените како и нивното криење во непознато место, предизвика алармантна состојба во Анкара.
По тој повод вчера беа одржани низа состаноци.
Првиот итен состанок се одржа во официјалната Владина резиденција.
На состанокот што се одржа под претседателство на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, учествуваа потпретседателот на владата Бешир Аталај, потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, командантот на оперативната управа при генералштабот генерал-полковникот Ердал Озтурк и заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Наџи Кору.
По состанокот, заменик министерот Кору го посети претседателот Абдулах Ѓул и го информираше за последните случувања.
Нешто потоа, на барање на претседателот Абдулах Ѓул во претседателската резиденција Чанкаја се одржа состанок на државниот врв.
На состанокот учествуваа премиерот Реџеп Тајип Ердоган, началникот на генералштабот генерал на армија Неџдет Озел, потпретседателот на владата Бешир Аталај, заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Наџи Кору, потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан и заменик потсекретарот на МНР Омер Онхон.
Државниот врв на состанокот направи проценка на случувања и беа разменети мислења во врска со натамошните чекори кои што ќе се преземат.
На состанокот беа разгледани сите веројатности, а на картата беа анализирани сите детали.
По состанокот на државниот врв во претседателскиот дворец Чанкаја, во МНР беше одржан координативен состанок.
Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу ја прекина посетата на Њујорк каде што учествува на состанокот на ОН посветен на тероризмот.
Пред да допатува во Анкара, министерот Давутоглу одржа уште еден телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери и го информираше за случувањата.


Тагови:

Слични вести