Стартува 4. Самит на Советот за соработка на туркофонските земји

83575
Стартува 4. Самит на Советот за соработка на туркофонските земји

На Самитот на кој започна вчера во Бодрум кај Мугла, покрај претседателот Абдулах Ѓул во својство на домаќин, учествуваа азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев, киргискиот претседател Алмазбек Атамбајев, туркменскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов и голем број министри.
Самитот започна со министерскиот состанок.
Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу во поздравниот говор на свеченото отворање рече дека повторно ќе оживее историскиот Пат на свилата кој во минатото ја обезбедуваше интеракцијата меѓу турскиот свет.
Денес во рамките на Самитот ќе се состанат лидерите.
Чекорите за соработка што беа фрлени на ниво на министри за култура ќе бидат изнесени на состанокот на претседателите.
Од страна на генералниот секретар на Турскиот свет ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат изнесени резултатите од Самитот.
Од друга страна пак, претседателот Абдулах Ѓул одржа билатерални средби со лидерите кои учествуваат на самитот.
На средбите беше постигната согласност за преземање конкретни чекори за унапредување на соработката во полето на енергетиката, транспортот и културата.
По средбите, претседателот Ѓул приреди свечена вечера во чест на гостите.


Тагови:

Слични вести