ЗЕМЈОТРЕС ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ

Владиниот кризен центар за елементарни непогоди соопшти дека денес во 12.25 часот во Егејското Море се случил земјотрес со сила од 6,5 степени според Рихтер

72442
ЗЕМЈОТРЕС ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ

Владиниот кризен центар за елементарни непогоди соопшти дека денес во 12.25 часот во Егејското Море се случил земјотрес со сила од 6,5 степени според Рихтер. Опсерваторијата Кандилли на универзитетот Богазичи во Истанбул исто така ја потврди веста и додаде дека земјотрес од 6,7 степени бил почувствуван западно од островот Ѓокчеада во Егејското Море. Потресот бил почувствуван и во Истанбул, Измир и Чанаккале .

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 11 километри длабочина во Егејското Море. Сериските потреси и понатаму продолжуваат јавуваат новинските агенции.

Последниот потрес бил почувствуван во Заливот Сарос и истиот бил со сила од 5,3 степени.

Валијата на Истанбул Хусеин Авни Мутлу изјави дека нема некои негативни појави во градот а валијата на Чанаккале Ахмет Чинар изјави исто така дека во градот и околината немало жртви или поголеми материјални штети.

 


Тагови:

Слични вести