Владата одржа состанок посветен на мировното решение во земјава

Владата одржа состанок посветен на процесот за изнаоѓање мировно решение во земјава
Вчера под претседателство на премиерот Реџеп Тајип Ердоган се одржа состанок на кој беа разгледани активностите во врска со процесот за изнаоѓање мировно решение.
На тричасовниот состанок беше разгледано досегашниот напредок на активностите.
На состанокот кој беше затворен за печатот учествуваа потпретседателите на владата Булент Аринч и Бешир Аталај, министерот за правда Бекир Боздаг, министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, министерот за национална одбрана Исмет Јилмаз, министерот за култура и туризам Омер Челик, потпретседателите на партијата за правда и развој Нуман Куртулмуш и Хусејин Челик, претседателот на пратеничката група Махир Унал, главниот политички советник на премиерот Ердоган, Јалчин Акдоган и потсекретарот на Националната разузнавчка служба (МИТ) Хакан Фидан.
Слични вести
