ПРВО СООПШТЕНИЕ ОД КОМПАНИЈАТА СОМА ПО НЕСРЕЌАТА

5 минути пред избувнувањето на пожарот сите мерни механизми покажуваа дека сите податоци се нормални

68503
ПРВО СООПШТЕНИЕ ОД КОМПАНИЈАТА СОМА ПО НЕСРЕЌАТА

Компанијата која раководи со рудникот за јаглен Сома го издаде првото соопштение дури 3 дена по катастрофата.

Во соопштението се истакнува следното: 5 минути пред избувнувањето на пожарот сите мерни механизми покажуваа дека сите податоци се нормални. За жал изби пожар кој беше незабележан како од технички така и од ињженерски аспект досега во нашата компанија. Во моментот на пожарот не функционираше ништо што би требало да функционира во нормални услови бидејќи се соочивме со настан досега незабележан во рударскиот сектор. Земајќи ја во предвид структурата на рудата во рударскиот сектор не е можно наеднаш да избувне толку силен пожар. Причината за брзото ширење на пожарот и покрај тоа што навреме беа преземени сите безбедносни мерки ќе биде позната дури по деталната анализа која ќе биде спроведена кога условите во рудникот за јаглен ќе се нормализираат.

 


Тагови:

Слични вести