Турски печат 28.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1769534
Турски печат 28.01.2022

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Повик за здрав разум до Русија и Украина во декларацијата на Советот за национална безбедност“, пишува дека во објавената декларација по состанокот на Советот за национална безбедност (МГК) што се одржа вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се нагласува дека ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Украина нема да вроди последици за ничиј интерес и се упатува повик до страните да ја намалат тензијата со здрав разум.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Путин ја прифати поканата на Ердоган“, информира дека портпаролот на Претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков соопшти дека рускиот лидер Владимир Путин со задоволство ја прифатил поканата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да дојде во Турција.

„Порака од Чавушоглу за тензиите меѓу Русија и Украина“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во врска со тензиите меѓу Русија и Украина ја даде следната порака „Тензиите не треба да се претворат во конфликт“. Мевлут Чавушоглу рече: „Нашата желба е да продолжи дијалогот со Украина“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Тргна на пат првиот воз со помош од Турција за Авганистан“, информира дека по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, првиот воз со хуманитарна помош од Турција за Авганистан беше испратен од главниот град Анкара со церемонија на која присуствуваа министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Возот носи околу 750 тони материјали за добрина, односно хуманитарна помош наменета за авганистанскиот народ.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Трите џиновски бродови за сондажа на Турција ќе работат  истовремено за црноморскиот гас“, истакнува дека во Црното Море кадешто Турција откри вкупно 540 милијарди кубни метри природен гас, бродот за сондажа „Јавуз“ се очекува да ја започне својата прва задача на крајот на март. На тој начин, трите турски џиновски бродови за сондажа „Фатих“, „Кануни“ и „Јавуз“ ќе работат истовремено на ставање во употреба на гасот од Црното Море во 2023 година.

 



Слични вести