Турски печат 25.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1767653
Турски печат 25.01.2022

Весникот „Ватан“ во веста под наслов: „Проценка од Омер Челик во врска со руско-украинската криза“, пишува дека потпретседателот и портпарол на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик во дадната изјава вчера истакна дека пораките на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по прашањето на Русија и Украина наидоа на силен одговор во светот. Омер Челик рече: „Додека бројни средини можат да и се обратат само на едната од страните во кризата, само Турција може да доставува пораки и да презентира волја и до двете страни во кризата, односно коишто се дочекуваат позитивно и од страна на Украина и од страна на Русија.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов: „Изјава од министерот Коџа во врска со омикронот којашто влеа надеж“, пишува дека министерот за здравство Фахреттин Коџа во неговата вчерашна изјава рече: „Варијантата Омикрон може да биде надеж за ставање крај на епидемијата. Според резултатите од научните студии, при заразување на вакцинираните лица со омикрон, и лесно ја преболуваат болеста, и се зголемува нивниот имунитет. Вакцинирајќи се имајте надеж за иднината. Епидемијата ќе биде крената од дневен ред.“

„Ние сме чувари на интересите и на нашата земја и на Турција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и претседател на Партијата за национално единство (УБП) Фаиз Суџуоглу кој во неговата вчерашна дадена изјава, ја изнесе следната констатација: „Ние сме дел од јужниот дел на турската нација, односно ние сме нејзини чувари во Медитеранот. Ние сме чувари на интересите и на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)  и на Турција, точно во средината на Сината татковина.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Потег од Тесла кон Турција“, истакнува дека светскиот гигант за електрични возила „Тесла“ направи три важни потези во врска со компанијата по име „Тесла моторс“, која ја основа во Турција. Висок раководител на компанијата стана Кемал Гечер, поранешен висок раководител на Луфтханза за Турција и Ирак. Компанијата брзо ќе го заврши своето преструктуирање и оваа година ќе пушти во продажба 4 модели електрични возила, и тоа „Model X“, „Model Y“, „Model 3“ и „Model S“.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Рекорд во производството на суров челик“, информира дека производството на суров челик на Турција минатата (2021) година со раст од 12,7 отсто во споредба со претходната (2020) година надмина 40 милиони тони, со што достигна до највисоко производство на сите времиња.

 



Слични вести