Турски печат 24.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1767129
Турски печат 24.01.2022

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Варанк: Турција позитивно се издвои во апликациите и регистрациите за индустриска сопственост во 2021 година“, им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој рече: „И покрај тековната епидемија на Ковид-19 во 2021 година, со постигнатиот раст во домашните апликации и регистрации успеавме да се издвоиме позитивно од голем број земји . Со 352 регистрации за географска ознака коишто беа остварени минатата (2021) година, вкупниот бројот на регистрирани географски ознаки се зголеми на 990. Моментално имаме 7 регистрирани географски ознаки во Европската унија (ЕУ).“

Весникот „Хурријет во веста под наслов „Потпишан првиот договор за извоз на Бајрактар ​​Акинџи ТИХА“, информира дека шефот на Претседателството за одбранбена индустрија Исмаил Демир соопшти дека е потпишан првиот договор за извоз на турското офанзивно беспилотно летало „Бајрактар Акинџи ТИХА“ („Bayraktar Akıncı TİHA“).

„Турски лекар назначен за престижната катедра во САД со буџет од 1 милион долари“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека Универзитетот за медицински науки во Арканзас во Соединетите Американски Држави (САД) на 13 јануари ја назначи турската лекарка докторка Озлем Тулунај Угур за престижната катедра на овој универзитет, за хирургија на уво, нос, грло-глава и врат Kyser.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ориент експрес ‘Патување од приказните’ во светскиот печат“, информира дека француската Новинска агенција „АФП“ во веста што ја објави под наслов „Патување од приказните“ раскажа за туристичкиот Ориент експрес, односно Источен експрес. Британскиот весник „Индепендент“ пак, напиша дека “тоа е едната од четирите најубави железнички линии на светот“. На интернет страницата на „Јуроњуз“ („Euronews“) исто така беше објавена веста на француската Новинска агенција „АФП“, во која им се одделува место на следните зборови: „Поаѓајќи од Анкара, главниот град на Турција, поминува низ степите на Анадолија и висорамнините на Еуфрат!“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Навалуваат во бранови во Турција“, им одделува место на изјавите на претседателот на Унијата на туристичките агенции на Турција (ТУРСАБ) Фируз Багликаја кој истакна дека скијачките центри кои се истакнуваат со нивниот квалитетен снег и инфраструктурата на пистите, се повеќе се избираат од страна на странските посетители во последните години. Тој рече: „Моментално продажбите се за 2 до 5 пати поголеми од 2021 година.“

 



Слични вести