Турски печат 21.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1766058
Турски печат 21.01.2022

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјави од Ердоган на заедничката прес-конференција“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера на одржаната заедничка прес-конференција со претседателот на Ел Салвадор Најиб Букеле, во врска со тензијата меѓу Русија и Украина,го рече следното: „Нашата желба е да ги состанеме господинот (рускиот претседател Владимир) Путин и (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, да овозможиме да одржат средба лице в лице.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Реакција од Чавушоглу до кипарско-грчкиот дел“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со дозволата на кипарско-грчката управа ПЈД, т.н. политичко крило на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, да отвори свое претставништво во Кипарско-грчкиот дел, го рече следното: „Да им се дозволи на терористичките организации да отворат свои канцеларии и да се биде домаќин на терористички организации, е да се игра со оган. Им дозволуваат да отворат канцеларии, доколку оттаму утре дојде до било каква закана насочена кон Турција, ако има одреден напад врз кипарските Турци, цената за тоа ќе ја наплатиме; а таа цена ќе биде тешка. Да не си играат со оган, да не соработуваат со терористички организации.“

„Министерот Коџа соопшти велејќи 'Ќе се применува за прв пат во светот'“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто им се одделува место на следните зборови на министерот за здравство Фахреттин Коџа: „Ќе ги започнеме студиите за применување на една доза вакцина Турковак над две дози вакцина БиоНТек 'BioNTech'. Студијата за инактивна вакцина над „мРНА“ 'mRNA' вакцина ќе биде прва во светот“.

Весникот „Стар“ во веста пдод наслов „Шеста експедиција за турската база“, им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој истакна дека по два дена ќе се реализира шестата експедиција за Антарктикот. Министерот Варанк рече: „Како што знаете, од 2017 година досега организиравме 5 научни експедиции на континентот. Се надеваме дека по два дена, ќе тргнеме на нашата шеста експедиција со 20 члена екипа.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Сликите на османлиските султани во Велика Британија најдоа купувач за 1 милион 346 илјади фунти“, пишува дека сликите на пет османлиски султани изработени со маслени бои, кои се наоѓале кај исто семејство и биле пронајдени во таванскиот спрат на една куќа во Шкотска, најдоа купувач за 1 милион 346 илјади фунти (приближно 24,5 милиони турски лири), што е многу повеќе од очекуваното.

 



Слични вести