Турски печат 20.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1765494
Турски печат 20.01.2022

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган: Благодарение на Турковак гледаме со поголема доверба во себе“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган коишто ги даде вчера по состанокот на претседателскиот кабинет, при што истакна дека светот продолжува да поминува низ проблематични денови под новиот бран на епидемијата на коронавирусот. Претседателот Ердоган рече: „Нашиот здравствен систем располага со капацитет да одговори на сите видови потреби во борбата против епидемијата, од болници, интензивна нега до вакцинација. Благодарение на нашата вакцина Турковак веќе ние гледаме со поголема доверба во себе.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган ќе замине за Украина“, им одделува место на следните изјави на портпаролот на пртеседателскиот кабинет Ибрахим Калин: „Турција е подготвена да преземе  било каква улога што може да ја одигра за намалување на тензиите меѓу Русија и Украина. Тоа го правиме и како пријателска земја на Русија и Украина, но истовремено и како НАТО сојузник. Во наредните неколку недели, претседателот Ердоган ќе замине за Украина на средба со претседателот Зеленски.“

„Изјава од Шентоп за источниот Медитеран“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој во врска со проектот Источен Медитерански гасовод („EastMed“) го рече следното: „Ние уште од почетокот мислевме дека овој проект не е профитабилен. Од самиот почеток велевме дека таквиот проект не може да се реализира со политички цели, поаќајќи притоа само од точката на непријателство кон Турција.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Пофалба од Холандија до Турција“, пишува дека во веста-анализа објавена во холандскиот весник „NRC“ посветена на наоружаните беспилотни летала на Турција „СИХА“, се изнесува коментарот во кој се вели дека „Бајрактар ТБ2 е најдобриот во светот“. Во анализата им се одделува место на следните зборови на холандскиот експерт за одбрана Стијн Митзер: „Бајрактар ТБ2 е најдобриот во светот од оперативен аспект“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ги надмина светските фудбалски ѕвезди“, пишува дека според списокот на „Football Wonderkids“, познати се играчите со најмногу асистенции во европските лиги. На овој список го запиша своето име и Јунус Акѓун од Турција кој остави зад себе голем број млади фудбалски ѕвезди во светот.

 



Слични вести